Вакцината на „Модерна“ ефикасна и безбедна, велат американските експерти
Вакцината на „Модерна“ е безбедна и ефикасна 94 проценти, велат регулаторите, отворајќи го патот за одобрување за итни случаи во САД, објави Би-би-си. Анализата од страна на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) значи дека може да стане втора вакцина за коронавирус што е дозволена во САД.
Ова следи еден ден откако Американците низ целата земја започнаа да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер-БиоНТех“. За разлика од таа вакцина, вакцината на „Модерна“ не бара ултра складирање за време на испораката.
Податоците на „Модерна“ денеска ги објави ФДА, пред состанокот на панелот за вакцини на кој ќе се дискутира за лекот.
Веста доаѓа во моментот кога бројот на жртви во САД од коронавирус надмина 300.000, според Универзитетот Џон Хопкинс.
Во документот од 54 страници се вели дека „нема специфични безбедносни проблеми“ и дека сериозни несакани реакции се ретки. Доколку биде одобрен од тимот експерти подоцна оваа недела и од шефот за вакцини на ФДА, пратките може да започнат во рок од 24 часа.
Најчестите несакани ефекти вклучуваат треска, главоболки и болки во мускулите и зглобовите.
Минатата недела ФДА објави слични податоци од „Фајзер“ пред гласањето за издавање на одобрување.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
