Вакцина за коронавирус најбргу може да се очекува за една година
Вакцината за коронавирусот не би можело да се очекува да биде произведена до крајот на оваа година. Процесот за секоја вакцина е долготраен и со максимално забрзување, најмалку се потребни 12 до 18 месеци, а и претходат и неколку фази на претклинички испитувања, рече д-р Владимир Микиќ.
-Според она што досега го знаеме, во најбрз можен рок, меѓу година и година и пол би бил периодот кога може да се произведе, рече епидемиологот, одговарајќи на прашање на денешната видеосесија за КОВИД-19 кога би можело да се очекува вакцина за новиот вирус.
Д-р Жарко Караџоски додаде дека според некои насоки можеби во септември би имало претклничко истражување и се согласува до крајот на 2020 вакцина се уште ќе нема.
-На крајот на 2020 година нема да имаме вакцина, меѓута во иднина на ова ќе гледаме дека сме се бореле со непозната работа која ќе биде сезонска, рече Караџоски, додавајќи дека целата состојба ја следат и низа информации, кои се уште се на ниво на шпекулација, меѓу кои и дека вирусот во следниот период ќе почне да се шири на Јужната полутопка и дека следната година може да ни се врати како сезонско заболување.
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија