Вака измамете ги гавраните и тие никогаш нема да ве нападнат
Птиците како и луѓето ги одбегнуваат лицата кои во минатото ги измамиле, покажа едно неодамна спроведено истражување.
Со истражувањето е утврдено дека гавраните, кои се познати по својата инелегенција и љубов кон сирењето, одбегнуваат луѓе кои еднаш ги измамиле.
Во текот на експериментот, птиците биле тренирани со луѓе да разменуваат парче леб за парче сирење. Но, некои партнери во размената откако го земале лебот, не им давале сирење на гавраните и тие потоа со месеци ги одбегнувале „измамници“.
Тоа покажува не само дека гавраните можат да разликуваат „чесни“ и „нечесни“ поединци, туку и ги помнат долго време.
Односите со меѓусебното пријателство и ривалство се одлики од социјалниот живот на овие птици, а нивната способност да препознаат и казнат нечесни индивидуи би можела да помогне во објаснуање на развивање на соработката меѓу овие птици.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Признавањето палестинска држава е срамно предавање пред тероризмот
-
Милановиќ во ОН: Да се избегнат акции што ја поткопуваат стабилноста на Балканот
-
Мицкоски и Љутков ќе извршат увид во градежни активности на стариот струмички театар „Антон Панов“
-
Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ
-
Трамп е убеден дека беше саботиран во ОН, бара итна истрага
-
Променливо облачно, попладне дожд и грмежи
-
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари