Свет
5. February 2018 - 17:40

ВАКА ГИНАТ ХЕРОИТЕ:Откриени последните зборови на рускиот пилот соборен во Сирија

Откако е објавена снимката од драматичната борба на пилотот на соборениот руски ловец Su-25 од терористите, сега е познато и кои биле неговите последни зборови.

На видео снимката се гледа како науружани терорсити се движат кон местото кај што е пилотот, за потоа да се слушне машки глас како вика на руски: Ова е за момците!

Потоа се слуша гласна експлозија, а над местото се дига облак од чад. Не е јасно дали во таа прилика е убиен и некои милитант.

Терористичката група Тахрир ал Шам во сирискиот град Идлиб го собори на 3 февруари. Пилотот успеал да се катапултира од авионот, но е убиен при борба со терористите. Наводното видео од борбата која неодамна се појави на интернет покажува друга верзија на случувањата.