Македонија
11. July 2017 - 15:46

Вајгл: Новата Влада сфати дека треба сериозно да им пријде на реформите

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Иво Вајгл, изјави дека секој ден ја следи ситуацијата во Македонија“ но оти „денес се уште е преурането да се зборува за некои вистински резултати на новата Влада„.

Меѓутоа, додава Вајгл во изјава за дописникот на МИА од Стразбур, динамиката на работата и програмските изјави укажуваат дека Владата сериозно ја сфатила сугестијата оти треба да се пријде на реформите“.

- Во неколку наврати кога расправавме за тоа како треба да функционира новата Влада и од каде да се почне, јас секогаш сугерирав дека тоа што беше добро треба да се продолжи. Уште пред неколку години таа во Источна Европа беше најподготвена кога станува збор за европските придобивки (аки), стандардите на ЕУ. Сега, се разбира оваа долга политичка криза, закочи многу нешпта, многу нешта беа вратени на почетокот. Мислам дека многу добро што сега таму се наоѓа екипа на Европската комисија на чело со Прибе, да може на лице место да консултира и дава некои совети и календарот на потребните реформи да биде навистина експедитивен, вели Вајгл.

Тој вели дека ги следел и изјавите на комсеарот Јоханес Хан, со кого, како што посочува многу добро соработувавал изминативе две години. Неговата оценка, додава Вајгл, исто така е дека атмосферата е позитивна, дека постои подготвеност за подобрување на нештата, кога станува збор за реформите и оти треба да се размисли дека некои работи од минатото треба да се расчистат до крај, тоа значи да се продолжи мандатот на специјалното обвинителство. - Мислам дека можеме да бидеме задоволни со тоа што се случува во Македонија, потенцира Вајгл.

За известувачот за Македонија во ЕП, сега е важно во земјата да се зачува атмосферата на соработка.

- Важно е да се сочува атмосферата на соработка, меѓусебно поштување на политичарите, да не се брза со некои нешта кои можат да се доживеат како пресметки или реванш. Треба да му се даде првенство на правото да се занимава со тие работи и да се почитуваат правилата на ЕУ и на Советот на Европа кога станува збор за овие прашања. Тоа истото важи и за медумската сцена, мислам дека е важно медиумите да не бидат средство за владина пропаганда, туку да бидат колку што е можно повеќе одговорен фактор на општествените политики, да им се признае таа улога и свесно да се работи на материјлното подобрување на новинарите, новинарството и медиумите. Само во таков случај, ако медимите се стабилни, ако се сигурни за нивната иднина, тие ќе се одразат врз квалитетот на животот и на политиката во Македонија, потенцира Вајгл.

Во однос на самитот за земјите од Западен Балкан во Трст и тоа што може да се очекува како порака од него за земјите од Западен Балкан и посебно за Македонија, Вајгл вели оти се надеца дека резултатот ќе биде нешто повеќе од само повторувањето на желбата “ја поддржуваме Македонија на нејзиниот европски и авроатланстки пат“.

- Мислам дека европската политика, заедно со САД мора да најде некое решение за членството на Македонија во НАТО. Мене лично ми се чини блиска идејата Македонија да биде примена во НАТО што е можно побрзо, не чекајќи го распелтот на проблемот со спорот со името со  Грција.  Да биде примена со привременото име на државата, ако тоа се трпеше со години, може уште малку. Тоа ќе бида важна порака  на тој самит да се поддржи Македонија да започне со преговори и да се отворат соодветните поглавја за полноправно членство, смета Вајгл.

Тој вели дека е реално да се очекува да зпочнат наскоро преговорите на Македонија со ЕУ.

- Се зависи од тоа како ќе изгледа консолидацијата на политиката идните неколку месеци. Меѓутоа верувам дека созреа времето да почнат преговорите. Ние ги условивме во нашите резолуции со решавањето на одредени прашања, но не и со решавање на прашањето на името. Според тоа, јас мислам дека Европскиот парламент би го поддржал почетокот на преговорите на Македонија за полноправно членство во ЕУ, истакнува Вајгл.