Вајгл, Ховит и Кукан на работна средба во ДИК
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржаа работна средба со тројцата членови на Европскиот Парламент – Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.
Претставниците на Европскиот парламент, како што е наведено во соопштението од ДИК, се интересирале за активностите преземени од ДИК и предизвиците со кои Комисијата се соочува.
Од страна на Државната изборна комисија се информирани дека и покрај големото задоцнување во нејзиното формирање, за период од две недели се исполнети двата клучни приоритета: избор на генерален секретар и утврдување на двата правилника за проверка на избирачкиот список. Со преземањето на овие активности, Државната изборна комисија создаде претпоставки за почнување на кадровското доекипирање и ажурирање на Избирачкиот список.
ЕУ пратениците, се додава во соопштението, се запознаени и дека процесот на кадровско доекипирање и почнување на водење и ажурирање на Избирачкиот список е условен од усогласувањето на политичките партии и надминување на институционалните и нормативните предизвици.
- Беа известени и дека се почнати активности за подготовка на операциски планови за имплементација на двете методологии за проверка на Избирачкиот список и дека се вршат и други активности во насока на обезбедување услови за спроведување фер и слободни избори. Тројцата европарламентарци ја пренесоа пораката дека Државната изборна комисија е поставена пред сериозна задача да спроведе избори според највисоки меѓународно стандарди, се наведува во соопштението од ДИК.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект