Вајгл ги продолжува разговорите за проектот „Жан Моне“
Европратеникот Иво Вајгл денеска ќе ги продолжи разговорите со претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание за, како што изјави, проектот Жан Моне на Европскиот Парламент.
Вајгл претпладнево во македонскиот Парламент ќе се сретне со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Томислав Тунтев и на ДУИ, Ејуп Алими, како и со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.
Вчера, Вајгл имаше средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.
- Би сакал да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот Парламент што значи покревање на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот Парламент, рече кусо европратеникот Вајгл во изјава за медиумите. Она што го очекува, како што кажа, „е само добро, кога е во Скопје“.
На крајот на октомври европратеникот Вајгл во интервју за емисијата „360 степени“ соопшти дека идејата за средба на лидерите на парламентарните партии е ставена на маса за време на неговата последна посета на Скопје, непосредно по изборот на новата влада, а предлогот добил поддршка и од еврокомесарот Јоханес Хан.
Според тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн кои се иницијатори на идејата, станува збор за неформално отворање процес на дијалог, без присуство на камери, за време на кој би се направил обид да се најде заеднички јазик за одредени прашања. Целта е приближување на ставовите за теми клучни за процесот на интеграција. Како симбол за заложбите за интеграција во ЕУ, Вајгл, Кукан и Флекенштајн предлагаат овие средби да се одржуваат во Франција, во куќата на таткото на ЕУ, Жан Моне.
Европратеникот Вајгл вчера во Скопје имаше средба и со претставници на проектот „Поддршка на Собранието во спроведувањето на реформите“ на Програмата на ЕУ за реформи во Македонија.
По завршувањето на средбите, европратеникот заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар, повторно ќе се сретне со претседателот на Парламентот Талат Џафери, по што се предвидени изјави за медиумите.
Ново на Сител
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро
-
Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце
-
Палевски негира насилни кривични дела, според него процесот е политички прогон
-
Човечко тело пронајдено во Вардар