Спорт плус
11. March 2016 - 16:51

ВАДА: 60 спортисти позитивни на мелдониум

Меѓународната анти-допинг агенција (ВАДА) соопшти како бројот на тестови позитивни на мелдониум кој на листата на забранети супстанции е ставен од Нова Година е поголем од 60 и секојдневно расте. Досега најпозната „жртва“ е Марија Шарапова која во понеделникот јавно призна дека го користела тој лек поради недостаток на магнезиоум во организмот како и превентивно против дијабетис. Мелдониумот се наоѓа во таблети кои посебно им се припишуваат на лица со болести на срцето и порано неговата употреба беше раширена кај спортистите. Изумителот на мелдониумот, летонскиот хемичар Иварс Калвинс ја критикуваше одлуката на ВАДА бидејќи мелдониумот не ги подобрува резултатите на спортистите туку неговата улога е заштита на оштетувањата на срцата кај спортититие и срцевите мускули поради големите напори. 

Реагираше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој смета дека мелдониумот не треба да се забрани и дека одлуката на ВАДА е многу чудна.