В среда средба Мицотакис – Ердоган во Вилнус, Атина се надева на „подобри денови“ во грчко- турските односи

Доколку влеземе во фаза на дијалог може да имаме подобри денови, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на претстојната средба на премиерот на Грција со претседателот на Турција, јави дописничка на МИА од Атина.
Кирјакос Мицотакис и Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат в среда на маргините на НАТО Самитот во Вилнус, што воедно ќе биде прва нивна средба по изборите во двете земји и прва по пауза од над една година.
– Ние веруваме во дијалогот, сметаме дека е многу важно да разговараме со соседната земја, но имаме и многу јасни позиции и не постои никаква можност или веројатност за отстапка. Веруваме во решавање на нашата единствена разлика врз основа на меѓународното право, што е одредување на Ексклузивната економска зона и континенталниот гребен. Но, сметаме дека доколку постои соодветно расположение и од другата страна, доколку влеземе во оваа фаза на дијалог, можеме да имаме подобри денови. Тензијата не води никаде, истакна Маринакис.
Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина дали ова значи дека Грција очекува „мирно лето“ во грчко – турските односи, владиниот портпарол истакна дека земјата „секогаш верува во мирно решавање на разликите“.
– Грција не предизвикува тензии, но и не отстапува, ни најмалку во однос на националните интереси. Се надеваме и другата страна да покаже соодветно расположение, посочи Маринакис.
Портпаролот на грчката Влада рече дека Мицотакис на маргините на НАТО Самитот, што утре и задутре ќе се одржи во Вилнус, ќе оствари средби и со лидери на други земји, но деталната програма дополнително ќе биде соопштена.
Ново на Сител
-

Шести смртен случај од западнонилска треска, 26-годишник најмладиот хоспитализиран пациент
-

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
-

Го грабнале и тепале за да признае дека ја силувал сопругата на едниот од нив, двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор
-

Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи
-

Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд
-

Гутереш: ОН мобилизира резерви и персонал за да им помогне на погодените од поплавите во Непал
-

Над 25 милиони Американци помлади од 35 години живеат со своите родители – највисока бројка досега
-

Комисијата за избор на судија во ЕСЧП: Нема да ги коментираме ставовите на кандидатите
