-->
-->
В сабота прв маратон во кајак и веслање во Охридското Езеро
-->

Во организација на кајак-кану клубот „Дрим“ од Струга во соработка со Меѓународната организација за пловни објекти НСС и Меѓународната здравствена организација „Менс сана ин корпоре сано“ в сабота во водите на Охридското Езеро ќе се одржи првиот маратон во кајак и веслање во должина од 14 километри.
Стартот е предвиден во 8 часот од пристаништето на хотел „Дрим“, а целта е во Охрид, до пристаништето кај „Свети Јован Канео“.
Право на учество, според Игор Малески од кајак-кану клубот „Дрим“, имаат сите спортисти пријавени во спортски федерации со претходни здравствени прегледи.
- Ќе учествуваат натпреварувачи со кајак, кајак-кану и веслачки објекти. Ако има барање за учество и од друг вид спортски пловни објекти на рачен погон ќе бидат добредојдени. Сметам дека маратонот ќе биде нешто ново на овие краишта, што идната година би прераснало во помасовно, изјави Малески.
За идната година, најави дека планираат маратонот да премине во Меѓународна манифестација со учество на екипи од регионот што ќе придонесе за промоција на спортот на Охридското Езеро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
