Балкан
7. August 2017 - 15:18

В четврток седница за избор на нов претседател на Косово

Парламентарната седница на која треба да биде избран претседател треба да се одржи на 10 август, најави претседавачот со косовскиот Парламент, Адем Микуловци, кој е најстар пратеник и е од редовите на Самоопределување.

- Конститутивната седница на Парламентот продолжува со работа в четврток, 10 август во 10 часот во собраниската сала. Се повикуваат сите пратеници на Собранието, истакна Микуловци.

На дневен ред е само една точка - избор на претседател на Парламентот.