Уживатели или продавачи, полицијата уапси петмина скопјани со дрога во џебовите
Вчера во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Марко Орешковиќ“ го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода. И во другите скопски полициски станици во текот на вчерашниот ден завршија уште четворица дилери.
Попладнето во 17,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “23-ти Октомври“ ги лишиле од слобода С.П.(36) и А.Г.(36) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром каде се документира случајот.
Истиот ден во 13,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Босна и Херцеговина“ го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Чаир.
Вечерта во 23,30 часот полициски службеници од СВР Скопје во близина на стадионот го лишиле од слобода А.Г.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар.
Против сите лица уапсени во текот на вчерашниот ден по документирање на случајите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ