Уживајте, сончево и топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот ќе има и мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 14 до 24 степени.
Во Скопје претежно сончево со мала до умерена локална облачност и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе се расчистува. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе искачи до 20 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачност и се уште релативно топло за овој период од годината. Благ пад на температурата се очекува в недела, но се уште ќе има услови за слаба утринска магла по одделни котлини и по речните долини, особено повеќе во долниот тек на Повардарјето.
Ново на Сител
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
