Балкан
2. May 2018 - 10:45

Ужасна глетка од Сплит: Крвав лежеше на улица и бараше помош

Сплитската полциија синоќа трагаше по напаѓач (36) на момче (27) кое вчера околу 19.45 часот е застрелано во кафуле во Сплит. На пукањето му претходела кавга меѓу тие двајца мажи, од кои и двајцата и претходно и се познати на полицијата.

На шокантните снимки се гледа како застреланото момче лежи на улица и целиот крвав во агонија довикува помош. Неколку луѓе се собраа околу него и со својата облека се обидуваа да му го запрат крварењето додека не стигне итната помош.

Вознемирувачката глетка ја снимил некој од минувачите. На видео снимката се гледа доаѓањето на итната помош, по што момчето е префрлено во болнциа.

Според информациите тој не е животно загрозен.

Иако полицијата се уште го истражува мотивот на нападот кој ги згрози спитќаните, се нагаѓа дека станува збор за пресметка поради пари.