Македонија
4. August 2015 - 12:38

Ужасна глетка - Ден по поплавите во тетовско

Камења, кал, затрупани автомобили и куќи се билансот од надојдената Пена која вчера, подивена од невремето, носеше се пред себе. Во моментот на терен се расчистува ситуацијата, координирано со локалното население, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и војската.

На одделни места наносите од кал достигаат и до 4 метри, а неколку куќи се целосно однесени. За жал, водениот пекол однесе со себе и човечки жртви.

Екипите на МВР се уште го бараат 6 годишното девојче кое исчезна во невремето а за сега е потврдена смртта на 4 лица.