Свет
31. December 2023 - 8:47

Ужасен злостор во Темерин - Синот го убил таткото оти сакал да ја префрли куќата на 40 години помладиот дечко

Грегор Н.(36) од Темерин е уапсен под сомнение дека на католички Божиќ со секира во нивниот двор го убил својот татко М.Н.(76). Мештаните тврдат дека Грегор го убил затоа што татко му сакал да ја префрли нивната куќа на 40 години помладиот дечко.

Страшнота злосторство се случило во вторникот наутро во дворот на семејната куќа на улицата Раднота Миклош во Темерин, на католички Божиќ, кој семејството наводно го прославувало.

Според неофицијални информации, на убиството му претходела расправија меѓу таткото и синот.

– Грегор често се расправаше со својот татко. Така беше и во вторникот. Тој бил агресивен и му викал на М.Н., а тој се обидел да го смири. Тогаш наеднаш му се стемниле очите и посегнал по секира и неколку пати го удрил татко си со сечилото во дворот. Сцената беше ужасна. Крв пролеана насекаде, а тој само стоеше и немо го гледаше телото на татко му на земја. Соседите го слушнале лелекот и повикале брза помош – опишува за Ало!, познаник на семејството од Темерин.

Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт на несреќниот старец.

На лице место е уапсен Грегор Н., кој е обвинет за кривично дело тешко убиство, за кое е предвидена казна од минимум 10 години, а најмногу доживотен затвор.

Телото е однесено на обдукција која ќе утврди како дошло до смртоносните повреди. Мештаните тврдат дека починатиот М.Н., имал геј врска со младо момче од Темерин.

– Конфликтот настанал меѓу Грегор и неговиот татко кога синот дознал дека татко му планира да му ја префрли куќата на 40 години помладото момче. И тој млад човек е од Темерин и нема ни 30 години. Цел Темерин зборува за тоа, а тоа веќе не е тајна – вели еден од мештаните и додава страшни детали:

– Неодамна се крена врева во градот, кога се прошири видео на кое се гледа тој млад човек и наводно М.Н. Кога се прошири видеото, тој млад човек мораше да избега од Темерин извесно време бидејќи се срамеше. Цел Темерин зборуваше за тоа – тврди еден од мештаните.

Меѓутоа, жителите на овој град во Војводина каде се случи масакрот велат дека осомничениот Грегор е познат како проблематична личност.

-Таткото и синот веќе долго време имаат тешка врска, иако тој со години се обидуваше да му помогне, но не успеа. М.Н инаку беше добар и чесен човек, многу витален за неговата возраст. Одгледа четири свои деца – изјави сосед на семејството.

Српското МВР се огласи и ги потврди наводите за убиството. Оттаму додаваат дека на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Околностите за трагедијата се утврдуваат.

Еден од познаниците за белградските медиуми изјавил дека покојниот М.Н., само од чиста среќа преживеал страшен напад пред повеќе од 20 години. Имено, тој работел како чувар во кабината на нафтената рафинерија во Нови Сад за време на НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

– Во првото бомбардирање на рафинеријата, која тогаш беше целосно уништена, тој беше во стражарската куќа и од силината на детонациите тој и целата куќа летаа во воздух во висина од најмалку пет метри. За среќа се спаси само со полесни повреди – изјавил жителот за медиумите, додавајќи дека тој ги преживеал бомбите, но не и синот.