Ужас во Сирија: Умерената опозиција отсекла глава на дете!
На снимката се гледа како 11-годишното момче лежи позади во камионет, а потоа еден борец му ја отсекува главата, пренесува агенцијата AFP.
Еден бунтовник вика "Нема да оставиме никого во Хандарата", град северно од Алепо, во кој се одвиваат борби помеѓу сириските бунтовници и силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Бунтовниците кои го извршиле ова ужасно злосторство припаѓаат во "умерената" опозициска група "Харакат Нур ал-Дин ал-Зенки", кои ги поддржува САД. Опсерваторијата, со седиште во Лондон, потврдила дека снимката се бунтовници.
Во другиот дел од видео снимката, снимена пред убиството, околу детето седат борци кои го обвинуваат дека е припадник на бригадата Ал Кудс, палестинска група која се бори на страната на режимот.
Организацијата за човекови права "Amnesty International" на почетокот на јули објавила извештај во кој наведува дека исламските бунтовници и џихадистите во Сирија извршиле воени злосторства и ги обвинуваат тие групи за "ужасен бран киднапирања, мачења и масовни убиства".
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек