-->
-->
Ужас во руска зоолошка градина: Мечки нападнаа жена и и ја откинаа раката
-->
Една жена (27) ја загуби левата рака во напад на две мечки во рускиот камп Зеленаја.
На снимката која се појави на интернет се гледа како жената се грчи, додека лицето и е прекриено со крв, а на лицето има сирова рана.
„Таа е префрлена во амурската регионална болнциа поради тешко крварење и болнички шок“, пишува The Siberian Times.
„Хирурзите не можеа да и ја спасат левата рака која е ампутирана од страна на лекари поради сериозната штета што и ја нанесоа дивите мечки“, пишува порталот.
Лекарите и ја ампутирале раката „над лактот“, а повредена и е и десната рака, но хирурзите успеале да и ја средата.
Иако се верува дека таа ја преминала оградата која ги одвојува посетителите од животните, една жена која била сведок на настант вели дека несреќната девојка не била ниту близу до ѕверките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гласањето во АФЕТ по извештајот за земјава одложено за 24 јуни
-
Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско почина откако удрил во бетонски столб
-
Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка на алијансата за можен воен конфликт со Русија
-
Бугарија се надева на зелено светло од Европската комисија за воведување на еврото
-
Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4 отсто ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска
-
Промоција на поштенска марка за 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
-
Трамп ги удвои царините за железо и челик
-
Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас во Преспа ќе го посети природниот парк Езерани