Свет
5. October 2019 - 21:53

Ужас во Њујорк: На смрт претепани четворица бездомници

Бездомник (24) кој носел долга метална шипка денеска во Њујорк нападал други бездомници додека спиеле, убил четворица и тешко повредил уште еден кој е во критична состојба, соопшти полицијата од овој град.

Полицијата наведе дека бездомниците се нападнати во кинескиот кварт и дека напаѓачот сурово ги тепал луѓето кои спиеле.

Осомничениот е во притвор, а која него е пронајдена металната шипка. Полицијата смета дека мотив за нападот нема расна или друга основа.

Бројот на бездомници во Њујорк расте во последните години, и тие и натаму остануваат меѓу најзагрозените жители од градот.

Kurir.rs/Beta