Балкан
6. March 2017 - 18:06

Ужас: Професорка го претепала деканот на Машински факултет

В.д. деканот на Машинскиот факултет во Тузла Денијал Спречиќ и професорката на тој факултет Бахрија Шариќ се истепале на состанокот на кој се расправало за работата на тузланскиот Универзитет и именување на Сенатот на таа установа.

Регионалната телевизија Н1 објави дека Спречиќ е полесно повреден во тој вчерашен судир во просториите на Рударскиот факултет во Тузла, и за тоа е известено обвинителството.

-Полициската управа во Тузла направи увид, медицинската документација ќе биде земена и тогаш извештајот ќе биде доставен до Обвинителството, изјавија од Обвинителството на тузланскиот кантон.