Ужас: Пензионер во подрум силувал 10-годишно дете

Пензионер (67) е уапсен и против него ќе биде поднесено обвинение за сексуално злоставување на 10-годишно момче.
Австрискиот пензионер од штаерското место Мирцетал се сомничи дека во февруари сексуално го напаствувал 10-годишното детенце во подрумот од својата куќа. Потоа на исплашеното момче му се заканил дека ќе го убие доколку му се пожали некому.
Мината неделе тој повторно го злоставувал детето. Обвинетиот како што соопшти полицијата го видело момчето како се вози на велосипед и потоа сексуално го злоставувал.
Другарчето на детето (13) се појавило во меѓувреме и почнало кавга со педофилот по што го навредувал и го плукнал. Децата потоа побегнале и нешто подоцна во придружба на своите мајки заминале во полиција. Пензионерот е уапсен и се наоѓа во затворот Леобен.
Осомничениот нема кривично досие но како што наведуваат од обвинителстовто неодамна е покрената кривична пријава против него заради поседување на детска порнографија. Во компјутерот на обвинетиот е пронајден порнографски материјал. Пензионерот досега негираше дека поседува порнографија како и дека го злоставувал детето.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
