Балкан
19. April 2017 - 11:11

Ужас на автопат: Се судрија камион и автобус, еден загинат

На влезот во Прокупље од правец на Куршумлија, утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загина.

Увидот е во тек, а според последните информации настрадат возачот на камионот.

До сударот дошло меѓу моторно товарно возило „застава“ со регистарски теблички од Прокупље и автобус.

Од здобиените повреди починал возачот на камионот чиј инцидент се уште не е соопштен, а кој и покрај обидите за реанимација им подлегнал на повредите.

Во автобусот нема повредени лица.

Очевидци сведочат за страотната глетка, а кабината на каминот е целосно отсечена, а видливи се оштетувања и на автобусот, па вистинска среќа е што таму никој не е повреден.

До сообраќајката дошло најверојатно затоа што возачот на камионот од неутврдени причини поминал на спротивната страна и бочно удрил во автобусот, на кривината во десно од правец на Прокупље.