Ужас: Џихадисти учеле 2 годишно дете да сече глави: Во заробеништво го тренирале да стане убиец
Терористите на Исламската држава заробиле дете на возраст од 2,5 години и го обучувале да стане нивен борец.
Малечкиот сега има 7 години и, иако повеќе не живее во заробеништво, се уште се навикнува на семејството. Овој мал Јазид бил две ипол години затвореник на Исламската држава, а во драматичната снимка открива како џихадистите го учеле да ракува со оружје и да им сече глави на непријателите.
-Носевме и не учеа како да пукаме и да составуваме и расклопуваме пушки. Исто така не учеа како на некој да му отсечеме глава, да го фатиме и исечеме со нож на прачиња, раскажува ова несреќно момче.
Детето кому со месеци му ја полнеле главата, се обидува да се прилагоди на нормалниот живот и семејството, а во затворот дури и го заборавил својот мајчин јазик.
Инаку, исламската држава има повеќе од 1.000 мали Јазиди во заробеништво и ги тренира да станат нивни борци, односно „темпирани бомби“.
Ново на Сител
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип