Македонија
4. September 2021 - 10:34

Увид во избирачкиот список до вчера направиле 11788 лица

Во избирачкиот список до вчера се провериле вкупно 11788 лица, соопшти ДИК. Поднесени се 46 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците.

Постапката за јавен увид во избирачкиот список ќе трае до 9 септември 2021 година, а до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk  се поднесени вкупно 36 барања.