Утврдена програмата за управување со отпад во општина Битола
Советот на општина Битола ја прифати програмата за управување со отпад која ја предложи и во текот на годината ќе ја реализира ЈП „Комуналец“ - Битола.
Програмата подразбира организиран систем на постапување со отпадот односно, собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад, процесите на селектирање, третман и складирање на отпадот, надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животна средина, животот и здравјето на луѓето, со цел правилно управување со комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територијата на општина Битола.
- Собирањето и транспортирањето на комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територијата на општина Битола се врши од вкупно 16 реони, со 18 специјални возила за собирање и транспортирање на отпадот. Од 13 реони се врши собирање на комунален отпад од домаќинства, од 1 реон се врши комбинирано собирање на комунален отпад од домаќинства и индустриски неопасен отпад, од 1 реон се врши исклучиво собирање на индустриски неопасен отпад, а од 1 реон се врши селективно собирање на отпадна хартија и отпадна пластика (РЕТ), информираат од ЈП „Комуналец“-Битола
Врз основа на анализите направени од страна на ЈП „Комуналец“- Битола просечните неделни количини на собран комунален отпад изнесуваат 545 тони, односно околу 28.500 тони отпад годишно.
-За собирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територијата на општина Битола поставени се специјализирани садови за собирање на истиот и тоа 1.450 контејнери од 1,1м3, 22 контејнери од 5м3, пластични канти од 120-240 литри и импровизирани садови. За селективно собирање на отпадот (хартија и пластика) на територјата на општина Битола поставени се специјализирани пластични контејнери од 1,1 м3 и мрежасти контејнери, велат од овој локален комунален сервис.
Собраните количини на отпад се депонираат во депонијата Мегленци со која управува ЈП „Комуналец“-Битола. За работа на депонијата, изработен е План и програма за депонирање на комунален отпад во депонија Мегленци (2014-2017) и Програма за работа на депонијата Мегленци (2014-2016).
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот