Утврдена програмата за развој на спортот во општина Битола

Општина Битола ја утврди програмата за развој на спортот и приоритетите за поддршка на програмите за спорт и спортско-рекреативни дејности во 2019 година.
Според програмата, во наредната година посебен акцент ќе биде ставен на активностите кои го зголемуваат опфатот на млади со спорт, како и зголемување на вклученоста жените во спортот.
-Одговорност на општината е да се грижи за позитивно насочување на младите луѓе и нивно образување кон градење позитивни навики во однос на нивното целокупно општествено делување, а со тоа и превенција од денешните пороци. Реализацијата на програмите и проектите во делот на развој на спортско-рекреативните активности односно „Спорт за сите“ ќе придонесе за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните од сите социјални структури. Преку организирањето на систем на натпревари и други спортски манифестации ќе се создаваат услови за настапи во државата и во странство на наши истакнати спортисти и на млади спортски надежи како и развој и поддршка на програмите за спорт и рекреација на лицата со инвалидитет и лицата со интелектуална попреченост и пречки во развојот, информираат од Советот на општина Битола.
Во програмата посебен сегмент е посветен на начините за зголемување на вклученоста на жената во спортот.
-Поттикнување и поддршка на активности за зголемување на вклученоста на жената во спортот во сите сегменти е прашање на кое во меѓународната сфера му се дава посебно значење. Жените и мажите може да имаат различни искуства и интереси поврзани со спортот и рекреацијата и дека тоа може да е резултат на полови стереотипни односи и акции, затоа како што велат од општинскиот Совет, треба континуирано да се спроведуваат акциски мерки.
Според предложените мерки, се очекува во наредниот период да се зголеми учеството на жените во раководните позиции и управувачки одбори на спортски здруженија и акционерски друштва, да сe поттикнува подеднакво учеството на жените и мажите, момчињата и девојчињата во спортските активности, вклучително и во оние активности кои традиционално се сметаат за „женски” или „машки” и да се направат напори за елиминирањето на стереотипите кои постојат кон жените спортистки вклучувајќи и изедначување на паричните награди за мажи и жени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
