Утврден законот за материјално обезбедување на стечајците
Владата на 18. седница го разгледа и утврди предлог-законот за материјално обезбедување на стечајните работници.
Со ова законско решение за кое се обезбедени финансиски средства со ребалансот на Буџетот, ќе бидат опфатени 3.000 стечајни работници и ќе се реши нивниот долгогодишен проблем, соопшти владината прес-служба.
На седницата е усвоена и информацијата за потребата од вработување дополнителен број социјални работници за повеќе центри за социјална работа низ Република Македонија, а утврден е и предлог-законот за измени и дополнување на Законот за социјална заштита кој Владата ќе го достави на усвојување во Собранието на Република Македонија.
Владиниот тим ги утврди и предлог-измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата со кои се предвидува продолжување на додатокот за деца со посебни потреби по службена должност, а ја усвои и информацијата за можноста за вршење периодични здравствени прегледи од страна на здравствени работници од Министерството за здравство на корисниците во дневните центри за деца и лица со пречки во развојот.
Министерството за труд и социјална политика е задолжено во рок од 15 дена да иницира работна група со Министерството за здравство која ќе работи на реализација на оваа активност, информира Владата.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР