Утврден текстот на Предлог законот за помилување

Владата на денешната седница го разгледала и утврдила текстот на Предлог законот за помилување, предложен од Министерството за правда.
Како што соопшти вечерва владината прес-служба, причините за донесување нов Закон за помилување, според предлагачот, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот.
-Заради честите проблеми со коишто се соочува практиката, од аспект на неопходност од итност на постапката, во новиот Закон, како што е образложено од ресорното Министерство, се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување, се наведува во соопштението.
Меѓу другото, како што посочуваат од Владата, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими.
-Со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. А, една од најзначајните измени во законот е тоа дека претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Исто така се разработува постапката за помилување, при што клучни се и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, како и на нивните претпоставени, соопштуваат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
