Утрово температури под нулата

Утрово во земјава температурите беа под нулата. Најстудено беше во Берово каде се измерени -7 степени, а во Крива Паланка, Битола и Скопје-Петровец -5 степени. Најтопло беше во Дојран со 0 степени.
Во Штип, Прилеп, Лазарополе, Куманово, Демир Капија, Струмица, Маврово се измерени -4 степени, во Охрид, Тетово, Претор, Дебар – 3, и во Крушево и Гевгелија – 2 степени целзиусови.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 18 сантиметри во Попова Шапка и 2 сантиметри во Маврови Анови.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во текот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер во источните делови од југоисточен, а во јужните делови од од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температура ќе достигне до 9 степени.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
