Утрово температури под нулата, попладне потопло
Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец кој на повисоките места и на планините ќе биде умерен. По котлините ќе биде претежно тивко, во утринските часови со слаба магла особено во долниот тек на Повардарјето.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
Продолжува период на стабилно и суво време, со појава на слаба магла во утринските часови. Преку денот ќе има затоплување. Максималната дневна температура на планините на некои места ќе биде повисока отколку на пониските места.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста