Утрово нови руски ракетни напади ширум Украина | ВИДЕО
Русија утрово изврши нови ракетни напади врз Киев и други украински градови, при што едно лице загина во јужниот дел на земјата.
Две силни експлозии се слушнале во центарот на Киев околу седум часот, а по 45 минути уследија уште две експлозии, објавија украинските медиуми.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека се активирале системите за противвоздушна одбрана и им препорача на граѓаните да останат засолништата.
Во делови на Киев има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Додека градоначалникот на Миколаев, Олександр Синкивич изјави дека при рускиот напад едно лице загина, десетици се повредени, а оштетени се најмалку 20 станбени згради.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов наведе дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура. Напади и експлозии се регистрирани и во областа околу градот Лавов.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија