Утрово најсвежо во Берово
До 08:30 часот утрово најсвежо е во Берово, 13 степени, а максимални 21 степен се измерени во Крушево. Според УХМР, 15 степени е во Лазарополе, 16 во Крива Паланка и Битола, 17 во Тетово и Струмица, 18 во Скопје-Петровец, Охрид, Претор и Прилеп, 19 во Штип, Велес и Попова Шапка, како и 20 степени во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Виница, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија и Дојран.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 36 до 42 степена, а УВ индексто ќе изнесува 10.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне 40 степени.
Ново на Сител
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов
-
Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење
-
Пет активни пожари утрово во земјата
-
Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
-
Во Русија се блокирани повеќе од 50.000 веб-страници, соопшти руски министер