Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија

Утрово до 7 часот со - 2 степени Целзиусови е најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка во висина од 40 сантиметри, додека 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија.
Во Маврови Анови и Лазарополе се измерени - 1 степен, во Крушево 1, 2 во Берово, 3 степени во Дебар, 4 во Тетово, Претор, Битола, Прилеп и во Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип и Виница, 6 Кавадарци и 7 степени во Струмица.
Во изминатите 24 часа, како што соопштија од УХМР, најмногу дожд имало во Битола, Пожаране, Маврови Анови и Попова Шапка со 4 литри на метар квадратен, 3 во Тетово, Претор, Гевгелија, Крушево, 2 во Прилеп и Кавадарци и 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Берово, Пожаране и Лазарополе.
Висината на снежната покривка е 37 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Крушево и 5 во Лазарополе.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Ново на Сител
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
-

СДСМ денеска го бира новото раководство
-

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
-

ДЗР одбележува 26 години работа како независна ревизорска институција
-

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради ризик од зголемен обем за влез и транзитирање на мигранти на Комисијата за одбрана
-

Албанезе: Нападот на плажата Бонди е поттикнат од „идеологијата на Исламска држава“
-

Свечена академија за 105 години Филозофски факултет
-

Трамп го означи опоидот фентанил за „оружје за масовно уништување“
