Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, објавија властите во двете земји.
– Нова серија напади во рамките на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија, осврнувајќи се на одмаздничките напади на Иран врз Израел откако израелските авиони погодија повеќе цели на иранска територија во четвртокот навечер.
Новиот напад го потврдија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
– Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области на Израел откако детектираа ракети истрелан од Иран кон Израел. Во моментов, израелските воздухопловни сили работат на нивно пресретнување за да се отстрани заканата, соопшти прес-службата на ИДФ, повикувајќи ги граѓаните да ги следат упатствата на војската и да одат во засолништа.
Изралеските медиуми објавуваат дека експлозии може да се слушнат во Тел Авив и Ерусалим.
Израелските медицински служби соопштија дека две лица загинале, а 19 се ранети откако иранска ракета го погодила станбен објект во централен Израел.
Претходно, Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст, изјави за локалната телевизија Канал 12 дека една жена е во сериозна состојба, а неколку лица се под урнатини на погоден објект.
Според израелскиот весник „Џерусалем пост“, бројот на жртви од гранатирањето на Исламската Република е еден мртов и 63 ранети. Весникот посочува дека повеќето од иранските ракети биле соборени или не ги достигнале своите цели.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
