Утре вонреден состанок на НАТО лидерите - Ковачевски во Брисел
По трет пат во последните пет недели, шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ утре во Брисел ќе го кројат европскиот одговор на руската инвазија на Украина.
Европроширувањето ќе биде прашање на маргините. Во присуство и на американскиот претседател Бајден, на Самитот главни теми се петтиот пакет санкции за Русија, зајакнувањето на одбраната и безбедноста, како и енергетската политика на ЕУ.
Во пресрет на Самитот, евроамбасадорот во земјава потсети дека ЕУ чека на Скопје и на Софија кога станува збор за почеток на преговорите.
Истовремено, во Брисел по една седмица утре треба да биде одржан уште еден вонреден состанок на НАТО. На масата со сојузниците таму ќе седне премиерот Ковачевски, придружуван од министрите Османи и Петровска.
Сојузниците се обединети во поддршката за Украина, рече генералниот секретар на Алијансата, споделувајќи ги очекувањата од утрешниот Самит.
ЕУ и НАТО самитите во Брисел ја одложија средбата Генчовска – Османи која беше закажана денеска во Скопје. Двајцата министри се во Брисел каде што имале билатерална средба, но од македонското МНР нема информации за содржината на разговорот.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
