Македонија
10. January 2017 - 16:06

Утре вез вода дел од општина Центар

Поради уличен дефект на водоводна цевка од Ф 80 мм на раскрсница меѓу бул.Партизански Одреди и ул. Адолф Циборовски во населба Центар, во општина Центар, без вода ќе останат корисниците од ул. Адолф Циборовски.

Како што соопшти ЦУК -Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 8:00 часот се до отстранување на дефектот.