-->
-->
Утре умерено облачно и релативно топло време
-->
Во земјава времето утре ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 19 степени.
Како што најавува УХМР, до четврток ќе преовладува умерено до значително облачно време. Во вторник ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено од среда.
Кон крајот на неделата ќе биде поведро, па ќе се намали и утринската температура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина