Македонија
12. July 2017 - 17:43
Утре стартува петнаесетото издание на ,,Пивофест‘‘
Утревечер, со настапот на музичките ѕвезди: “Ај кју”, “Психомодо поп” и на “Амадеус бенд”, во градот под Марквите Кули започнува четиридневната фешта од 15-тото јубилејно издание на најголемиот балкански Фестивал на пивото и скарата “Пивофест 2017”. Денеска се поставуваат 22 штанда, а се монтира и импозантната бина, додека сообраќајот во централното градско подрачје веќе се одвива по специјален режим.
Според последните информации од организаторите, сместувачките капацитети во градот веќе се исполнети, а голем е интересот и за кампување во Кампингот на Могилата каде веќе се сместени и првите кампери. Вечерва пак, во близина на Могилата, свечено ќе биде пуштен во употреба и новиот “Аква Парк”, што е уште една “пивофестовска” атракција. Заради огромниот интерес за Фестивалот, за време на викендот, и годинава, МЖ ќе пуштат дополнителни возови од Скопје кон Прилеп и обратно, а на посетителите со автомобили на располагање ќе им бидат ставени 22 илјади паркинг – места чие користење ќе биде регулирано од веќе искусната редарска служба.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->