Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.
Како што информираат од УХМР, ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години