Утре се навршуваат 12 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Во Македонија и во Босна и Херцеговина утре ќе бидат одбележани 12 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.
Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат повеќе делегации и граѓани.
Годишнината од смртта на претседателот Трајковски утре ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Цвеќе ќе положат директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, директорот на Агенција за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски, претставниците на Спортското радио, како и претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, Борче Боев.
Цвеќе ќе биде положено и на спомен обележјето во Ротимље во Босна и Херцеговина.
Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загинаа претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлената македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
Во несреќата животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
