Утре се Младенци, штом станете погледнете во небо и ќе знаете каква пролет ве очекува

Утре е Младенци, празник кој го слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.
На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.
Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.
Овој празник во црквениот календар е обележан со црни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.
Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обиај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.
Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.
Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“, па затоа утре штом ќе станете погледнете надвор и ќе дознаете каква време не очекува оваа пролет.
Ако биде сончево, пред нас е убаво време и многу сонце, се до летото, а ако паѓа дожд, дува ветер и временските прилики не се добри, пред нас е турбулентен периот.
Затоа утре погледнете низ прозорец, доколку силно се насмеете и имате позитивни мисли, се верува дека невестата може да ги растери и облаците. Затоа насмевка на лице и верба дека се ќе биде добро.
Ново на Сител
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
-

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
-

Приведен 39-годишен кумановец на Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети
-

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени
