Утре нова средба на премиерот Заев со лидерот на Алтернатива Гаши
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши утре во 14 часот ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок, потврдија за МИА од Алтернатива.
Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза. Заев и Гаши, претходно одржаа средба и на 19 месецов.
На седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.
Заев во изјава за Телма во однос на тоа дали во овој момент ќе се повлече од премиерската фуккција а оставката ќе ја депонира во Собранието или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ својот мандат да го заврши до 2024 година вели дека се ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.
-Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради кои алтернатива би влегла во Влада е да обебзеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговори со ЕУ, вели Заев.
Ново на Сител
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот
-
Наутро свежо, преку ден топло
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава