Македонија
6. February 2017 - 17:59

Утре не излегувајте без чадор, УХМР најави невреме

Времето утре во Макеоднија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. На планините ќе има повремен снег. Ќе има и услови за појава на грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец.

Температурата ќе се движи од пет до 12 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец.

Температурата ќе достигне до осум степени.

На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.