Утре истекува рокот за пријавување на штетите од поплавите

Утре истекува крајниот рок што го определи Владата за пријавување на настанатите штети на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.
Сите лица од овие населени места кои се уште ги немаат пријавено штетите од поплавите, утре заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или, пак, во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово.
Владата, на барање на оштетените граѓани, веќе еднаш го пролонгира крајниот рок за пријавување на штетите од поплавите.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
