-->
-->
Утре и задутре дезинсекција против крлежи во Куманово
-->
Утре и задутре на подрачјето на Куманово, стручни екипи ќе извршат дезинсекција против крлежи, информираа од општина Куманово. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови.
Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.
- Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите, информираат од општината.
Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш таа ќе се одложи за наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани за дезинскеција и дератизација и ларвицидна дезинскеција која се спроведува во два наврати годишно, општина Куманово одвојува 600.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија