Утре дожд, од петок заладување и врнежи од снег
УХМР за утре најавува дожд, особено попладне и во ноќните часови кога врнежите локално ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен и на места проследени со грмежи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе продолжи да дува дува засилен до повремено силен јужен ветер од над 70 километри на час, но ќе се задржи релативно топло.
Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места.
Според УХМР, до средината на следната недела ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.
Во Скопската Котлина утре ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува повремено силен јужен ветер. Во петок кон крајот на денот и во сабота се очекуваат врнежи од снег и формирање помала снежна покривка. Од недела до средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна