Утре Ден на жалост во Македонија
Понеделник, 8 август 2016 година е определен за Ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на денешната вонредна седница.
- Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300.000 денари за семејствата на загинатите граѓани, се вели во соопштението од Владата.
Како што се наведува, Дирекцијата за заштита и спасување е задолжена целокупната опрема, од сите региони во државата, да ја стави на располагање во кризните региони, а препорача на општините кои располагаат со вакуум цистерни да ги стават на располагање на Град Скопје.
- Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување веднаш да изврши ангажирање на дополнителна градежна механизација (скипови, багери и камиони), преку склучените договори за користење на градежна механизација од приватните фирми и веднаш да бидат пратени и ставени во функција во кризните подрачја, се вели во соопштението.
Донесена е одлука за доделување нафта за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонија пат“, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Заклучено е Јавното претпријатие за државни патишта да изврши санирање на обиколницата која беше оштетена во невремето.
- Во контекст на поефикасно и побрзо проценување на направените штети, а со цел формирање поголем број на комисии за проценка на штетите, Владата ги задолжи државните институции да делегираат лица кои ќе бидат ставени во функција на општинските комисии за проценка на штети, се вели во соопштението од Владата.
Во текот на вечерта, Владата ќе одржи уште една седница на која повторно ќе биде разгледана моменталната ситуација и се очекува да бидат утврдени нови мерки и заклучоци.
Ново на Сител
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена Звезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите наместа влажни
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани