Утре без струја делови од четири скопски општини
Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Скупи“ 3 А (позади Олимпико, општина Центар, во периодот од 11:30 до 13:30 часот корисниците од ул. „Ѓорги Капчев“ подулица 1, општина Аеродром, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улица „ 52“ во Стопански Двор, општина Ѓорче Петров.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 13:30 до 15:30 часот ќе имат корисниците од улицата „Првомајска„ подулица 18, во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов“ подулица 52 во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист