Утре без струја делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров
Поради технички зафати во електро-системот утре без струја ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата Алекса Демниевски – подулиците 25, 27 и 29, како и подулиците кои гравитираат кон насипот на реката Вардар, но и дел од улицата Мис Стон во Општина Ѓорче Петров.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во времето од 9:00 до 12:00 часот ќе имаат корисниците од улицата Алекса Демниевски и подулиците на истата улица, како и дел од улицата Ѓуро Салај во општина Ѓорче Петров.
Без струја во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат улиците Дебарца, Радњанска, Отон Жупанчиќ, Људевит Гај и Антоние Грубишиќ во општина Центар, а од 9:00 до 10:00 часот дел од улицата Московска во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци