Утре без струја дел од пет скопски општини

Делови од општините Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Петровец утре, во одреден период од денот, нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Како што соопшти РЦУК, без електрична енергија ќе бидат: од 08:30 до 10:00 часот корисниците на дел од улиците „Христо Узунов“, „Банско“, „Рилски конгрес“ и „Кратовска“ во Општина Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Никола Парапунов“, зграда 3 и околните објекти во Карпош, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од селата Сушица, Ќојлија, Долно Средно и Горно Коњари, Дивле, и Живиње во Петровец, од 09:00 до 14:30 часот корисниците од дел од улицата „Атанас Иљоски“ во Ѓорче, од 10:30 до 13:30 часот корисниците од улицата „Водоча“ во Аеродром и од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „Мите Богоевски“ со броевите 2, 3, 5, 6 и 7 во Аеродром.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
